
КИТ-ГО МАРКЕТИ ДЕНЕС ПРЕТСТАВУВААТ СИНОНИМ ЗА
БРЗОРАСТЕЧКИ ЛАНЕЦ МАРКЕТИ, КОЈ ШТО ВО ФОКУСОТ
НА СВОЈАТА РАБОТА ГО ИМААТ ПОСТАВЕНО
ПОТРОШУВАЧОТ И НЕГОВИТЕ СЕКОЈДНЕВНИ ПОТРЕБИ.
Патот на развојот започна од локален бизнис, за денес во функција на создавање место за пазарување што поблиско до купувачот и прилагодено на неговите потреби, во форма на малопродажен ланец, Кит-го маркети се истакнува со своја автентичност и препознатливост.
Со брза развојна динамика заснована на цврсто поставена стратегија и цели, Кит-го маркети во период од 23 години се изгради во препознатлив бренд во малопродажбата, како и лојален, модерен и квалитетен ланец маркети во Источна Македонија.
Денес, Кит-го го дефинира лојалниот однос кон купувачите и квалитетната услуга во вкупно 24 малопродажни објекти во 11 градови низ државата.
Во сите малопродажни објекти се работи според принципите за квалитетна услуга, одговарање на потребите на потрошувачите и зголемување на задоволството од секојдневното купување. Врз основа на овие принципи и вредности, Кит-го маркети го разви и својот слоган „Купувајте повеќе за вашите пари“.
Со тоа на купувачите им овозможуваат пристап до производи со висок квалитет и поволни цени.
Затоа што развојот и создавањето повеќе можности и поголем избор за купувачите е еден од приоритетите за Кит-го маркети, ланецот разви повеќе сопствени брендови како што се веќе добро познатите Донна, Вкусно, Барон, Тера и Лукси, сите во категоријата кондиторски производи.
Компаниските цели за овозможување што поголема достапност на што поголем број производи, присутност во што повеќе средини и градови, и со тоа доближување до потребите на купувачите, се подеднакво поддржани и прифатени од повеќе од 500 вработени во двата ланци.
Успесите на оваа компанија се должат на иновативноста и посветеноста на создавање современ бренд, кој е достапен и близок до купувачите.
Позади ваквиот имиџ на компанијата, подеднакво стои и успехот на менаџерскиот тим, како и големата посветеност од страна на сите вработени. Одговор на сето тоа е довербата од купувачите која што се зголемува од ден на ден.