Наградни игри

Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети
Наградна игра создадена за добивање

Во текот на 2016 година, неколку месеци, купувачите на Кит-Го и Тера маркетите беа привилегирани со можноста за учество во наградната игра која што беше конципирана за секој да има шанса да добие награда. Со три циклуси извлекувања и плус едно главно извлекување, ова беше наградна игра со можеби еден од поголемите и повредни наградни фондови.

Наградната игра „Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети“, се состоеше од четири месечни извлекувања, како и главното извлекување кое се одржа на 1 октомври 2016 година во Штип, сите проследени со голема забава, а беа доделени над 400 награди, вклучувајќи патувања и летувања на Тасос, Халкидики, Крф, Прага, Виена, Истанбул и Будимпешта, скутери, велосипеди и многу вредносни ваучери од по 2.000 денари. Главната награда во наградната игра „Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети“ беше автомобил Опел Астра Седан 2016.

Сè што требаше да направат купувачите, за учество во наградната игра, е да пазаруваат во некој од Кит-Го или Тера маркетите. За секоја направена сметка од минимум 300 денари во некој од овие маркети, потрошувачите добиваа самолеплив купон и леток на којшто требаше да залепат пет купони. Со пополнување на летокот со личните податоци и оставање во означената кутија во било кој од Кит-Го или Тера маркетите, секој купувач добиваше можност да учествува во наградната игра и да биде добитник на една од вредните награди од наградниот фонд.


Главно извлекување