Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети – наградна игра создадена за добивање

Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети – наградна игра создадена за добивање

СООПШТЕНИЕ

 

Наградната игра Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети со над 50 среќни добитници на третото извлекување

 

(Кочани, 20.08.2016) – Над педесет награди беа доделени на третото извлекување од наградната игра на Кит-Го и Тера маркети, Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети кое се одржа викендов во Кочани. На настанот, преку промоции, граѓаните ги анимираше водителот Жарко Димитроски, кој е и заштитното лице на оваа наградна игра. Наградите кои беа доделени вклучуваат осум летувања на Тасос, Халкидики и Крф и патувања во Прага, Виена, Истанбул и Будимпешта, како и еден скутер, три велосипеди и четириесет вредносни ваучери од по 2.000 денари за пазарување во маркетите на Кит-го и Тера.

„Секојдневно не радува сè поголемиот број учесници во наградната игра, Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети, во сите градови каде што се наоѓаат нашите продажни објекти. За тоа, би сакал да ја искажам нашата благодарност, на довербата и лојалноста што нашите потрошувачи ја покажаа кон Кит-Го и Тера маркети. На најсреќните би сакал да им честитам за добиените награди, а на сите останати учесници во наградната игра да им порачам да бидат дел од главното извлекување што ќе се одржи на 1ви октомври во Штип.“, изјави Александар Попов, комерцијален директор на Кит-Го маркети.

Добитниците на наградите од ова извлекување во Кочани ќе бидат објавени на Facebook фан страницата, како и во сите продажни објекти на Кит-Го и Тера маркети, во понеделник на 22 август.

Наградната игра „Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети“ продолжува и понатаму, следи големото, главно извлекување на 1ви октомври во Штип. Сите недобитни летоци од самиот почеток на оваа наградна игра се пласираат директно во главното извлекување и продолжуваат да се натпреваруваат за голем број вредни награди, и секако за главната награда, Опел Астра Седан 2016. Сите оние кои сакаат да учествуваат во оваа наградна игра, сè што треба да направат е со сметка од минимум 300 денари направена во било кој од маркетите на Кит-Го и Тера да подигнат купон, да соберат пет такви исти купони, да ги залепат на летокот, и заедно со своите лични податоци да го остават во означените кутии што се наоѓаат во сите продажни објекти на Кит-Го и Тера маркети.

ОБЈАВИ:

Bi.mk

Megafon.mk

Turlitava.com

Emagazin.mk

Puls.mk

Makmoda.com

Mia.mk

Lider.mk

Kanal 8

Share this post